social image

Кратко за нас

Нотикс е компанија посветена на обезбедување квалитетни производи за книжарници, училишта и за сите оние на кои им се важни креативноста и знаењето.

Нашиот асортиман опфаќа училишен прибор, лектири, сликовници, боенки, едукативни игри и подароци – внимателно одбрани со цел да понудат вредност, инспирација и долговечност.
 

Вредности

Мисија

Нашата мисија е да ги снабдиме партнерите со висококвалитетни производи кои поттикнуваат учење, креативност и развој. Стремиме да создадеме стабилни односи со книжарниците и деловните клиенти преку брза услуга, професионална комуникација и сигурни испораки.

Визија

Нашата визија е Нотикс да стане препознатлив и доверлив избор за училишен прибор и едукативни материјали, со бренд кој се поврзува со квалитет, доследност и современ пристап. Целиме кон долгорочно партнерство засновано на доверба, флексибилност и континуирано подобрување на услугата.

флексибилен пристап и одлична поддршка

​Веруваме дека секој клиент заслужува брза, сигурна и професионална услуга. Затоа Нотикс се издвојува со флексибилен пристап и одлична поддршка, секогаш подготвени да одговориме на потребите на книжарниците и деловните партнери.

Нашиот тим работи со целосна посветеност да обезбеди континуирана достапност на производи, точни информации и брзи испораки.